Легенда
Почетна Контакт Зголемување слика
Електронска пошта
сите права се задржани
© ADS design All rights reserved

АТКО - За Нас
Се започна во не така далечната 1991 год. кога за прв пат почнавме да ги валкаме рацете со брзо сушливи бои.
Во една мала подрумска просторија во која почнавме да изработуваме големи работи во сито техника.
Работевме на збор, поверење, а и за слава кога требаше.
За брзо таа просторија ни стана премала, па затоа сега имаме една солидна работилница од 70 метри квадратни, а во изградба ни е и друга поголема работилница.
Денес работиме по скоро 15 часа во ден, како и сите во оваа струка, биејќи тој е начинот да опстанеме.
Благодарение на нашата желба за работа сега имаме доста опрема за сито штампа компјутерски дизајн, потребни машини и алати.
За енергијата и желбата нема потреба да се зборува бидејќи таа е преголема.
Со нас соработубаат стручњаци од различни дејности, и сите тие имаат комплетна доверба во нас, а таа доверба ја стекнавме со
стручно презентирање
добро означување
јасна порака
читливост
одличен дизајн
симпатични цртежи
пријатни бои
професионална изработка
прецизност во работата

А за нашиот квалитет и професионализам (како и за сето горенаведеното) кажуваат само звучните имиња на нашите деловни партнери.
А сепак ние не застануваме овде, животот оди понатаму нa подобро.